Линкови за пристапност

Поплавите во Индија раселија илјадници лица


Според Управата за катастрофи најмалку 194 лица загинале, а околу 36 се водат за исчезнати

Обилните дождови кои викендов ја зафатија индиската држава Керала ги попречија напорите за распоредување на спасувачи и испраќање на помош во изолираните области. Помошта може да биде доставена само со бродови или хеликоптери.

Властите велат дека повеќе од 300 илјади лица побарале засолништа во камповите ширум државата.

Силните дождови што започнаа на 8-ми август предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и уништија голем број домови и мостови во сојузната индиска држава која е позната по прекрасните плажи.

Властите проценуваат дека се оштетени повеќе од 10 илјади километри патишта. Еден од главните аеродроми во државата кој се наоѓа во градот Кочи е затворен.

Метеоролозите очекуваат дождовите да престанат да врнат во следните неколку дена.

Според Управата за катастрофи на Керала во поплавите загинале најмалку 194 лица, а 36 се водат за исчезнати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG