Линкови за пристапност

Поранешниот индиски претседател Пранаб Мукерџи почина од Ковид-19


Поранешниот индиски претседател, Пранаб Мукерџипочина денеска од коронавирус, откако неколку недели беше во болница.Тој имаше 84 години.

Мукерџи беше примен во болница во Њу Делхи на 10 август за да се отстрани згрутчување на крвта во мозокот. Таму, тој бил тестиран позитивно за Ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот. Тој ја објави дијагнозата во порака на Твитер и ги замоли сите што биле во близок контакт со него „да се изолираат и да се тестираат“.

[[ https://twitter.com/CitiznMukherjee/status/1292726865984024577 ]]

Операцијата на мозокот, наводно, била успешна, но неговата состојба се влошила во неделата кога развил инфекција на белите дробови што предизвикало септичен шок. Починал од повеќекратна слабост на органите 21 ден по неговата дијагноза на КОВИД-19.

XS
SM
MD
LG