Низ САД во петок Американците ја слават 238-та годишнина од независноста на нивната држава од Британија со паради, излети, огномети, родеа и концерти.
Прославите за 4-ти Јули вклучуваат портретирање историски фигури, како Томас Џеферсон, Фенџамин Франклин и Џон Адамс, кои ќе ја читаат Декларацијата на независност.
Ќе има концерт и огномет на Националното шаталиште во Вашингтон, во петок навечер. На концертот ќе учествуваат Френки Вали, Пати Лабел, Мајкл Мекдоналд, Мапетовци и Националниот симфониски оркестар.
Сепак, можно е времето да ги расипе плановите на милиони Американци додека ураганот Артур навлегува на источниот брег.