Линкови за пристапност

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат како најпатриотски чин за Денот на независноста


Белата куќа вчера беше отворена за стотици поканети гости, и се служеа хамбургери и друга храна

Претседателот на САД Џо Бајден организираше забава во Белата куќа по повод Денот на независноста.

„Америка се враќа обединета“, рече Бајден, на вчерашната прослава, додавајќи дека „денес сме поблизу од кога и да било претходно да прогласиме независност од овој смртоносен вирус“.

Белата куќа беше отворена за стотици поканети гости, а се служеа хамбургери и друга храна.

Меѓу присутните беа суштинските работници кои помогнаа во справувањето со пандемијата на ковид-19, како и воени фамилии.

Во обраќањето, Бајден ги охрабри оние што не се вакцинирале тоа да го направат.

„Мои сограѓани, тоа е најпатриотското нешто што може да го направите“, рече Бајден.

Администрацијата постави цел до 4-ти јули да бидат вакцинирани 70 отсто од возрасните Американци. Досега, околу 67 отсто од граѓаните примиле најмалку една доза.

Вчера, првпат, се тргна и оградата околу Белата куќа, која беше поставена за време на протестите во 2020 година.

Иако ова беше најголем настан откако Бајден ја презеде функцијата во јануари, имаше многу помалку гости од претходните години.

Америка вчера прослави 245 години независност со огномети и дружби.

Дел од информацијата е преземена од „Ројтерс“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG