Линкови за пристапност

Огномет и прослави за Денот на независноста во САД


Големи огномети го осветлија небото над Вашингтон, Њујорк и други американски градови во неделата навечер, кога државата го одбележа својот 234-ти роденден.

Големи огномети го осветлија небото над Вашингтон, Њујорк и други американски градови во неделата навечер, кога државата го одбележа својот 234-ти роденден.

Празникот 4-ти Јули – Ден на независноста го комеморира настанот од 1776 кога 13 колонии прогласија независност од Британија за време на Американската револуционерна војна.

Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама беше домаќин на околу 1.200 армиски персонал и нивните семејства во Белата куќа за скара, концерт и поглед на огнометот.

Низ целата земја Американците имаа пикници и скара на отворено, паради и други настани во знак на одбележување на на Денот на независноста. Големи свечености имаше во Филаделфија, каде Декларацијата на независност беше усвоена на 4 јули 1776, и во Вашингтон.

Во главниот град на државата, актери кои ги портретираа американските основачи го драматизираа потпишувањето на Декларацијата на независност.

Во Маунт Вернон, Вирџинија, домот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон, беше одржано положување на венец на гробот на Вашингтон и се одржа натурализирање за околу сто нови американски државјани.

XS
SM
MD
LG