Линкови за пристапност

Брачните парови во САД ги преувеличуваат приходите на мажите


Додека ги потценуваат оние на жените

Според Бирото за попис на САД, во семејствата каде жената заработува повеќе од мажот има тенденција мажот да ги преувеличува примањата кога одговара на анкета за висината на приходот. Жените пак ја потценуваат висината на нивните приходи. Нивниот одговор не се совпаѓа со она што тие го поднесуваат до Управата за приходи на САД.

„Кога жената заработува повеќе, и мажите и жените ја преувеличуваат заработката на сопругот, а ја намалуваат заработката на жената“, се вели во извештајот и се додава дека „Сепак, мажите ја пренагласуваат сопствената заработка помалку од жените, а жените ги девалвираат сопствените приходи помалку од своите сопрузи“.

Според истражувањето, мажите чии жени заработуваат повеќе ги пренагласуваат своите приходи за 2,9 проценти во споредба со она што го пријавиле пред даночните власти. На пример, ако мажот пријавил 30.000 долари приход, ќе додаде околу 870 долари кога ќе поднесе извештај до Бирото за попис.

Ако сопругата на тој маж пријави 40.000 долари во Управата за приходи, тие пред Бирото за попис ќе пријават приход од 39.400 долари или 600 долари разлика.

Ова, како што велат истражувачите, би можело да ги доведе до заблуда креаторите на политиките затоа што „податоците за платите и заработките се основа на повеќето федерални статистички податоци за приходите, нееднаквоста и сиромаштијата и се од клучно значење за разбирањето на пулсот на нацијата и целокупната благосостојба на поединците во заедница“, вели Брус Мејер, економист во Бирото за попис и професор на Универзитетот во Чикаго.

Наодите фрлаат светло за влијанието на општествените норми и како тие влијаат врз начинот на кој луѓето ги искажуваат податоците до владата.

Бирото за попис откри дека кај 22,9 проценти од брачните парови, жените заработуваат повеќе од мажите.

Истражувањето ја нагласи потребата за изнаоѓање на „алтернативни извори на податоци“, наспроти истражувањата во кои поединци сами ги впишуваат податоците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG