Линкови за пристапност

Ден полн со свечености, крунисан со балови


Втората инаугурација на претседателот Барак Обама беше за нијанса поскромна од пред четири години

Американскиот претседател Барак Обама даде заклетва за вториот мандат на функцијата, на ден полн со свечености кој заврши со присуство на претседателот на два инаугурални балови со првата дама Мишел.

Официјалниот танц беше завршница на сложена прослава во Вашингтон што беше за нијанса поскромна од првата инаугурација на претседателот пред четири години.

Обама даде заклетва на церемонија на скалите на американскиот Капитол, каде на насобраните околу половина милион поддржувачи им кажа дека дека ќе се залага за прогресивна агенда во неговиот втор мандат.

Првата двојка исто така учествуваше во парадата до Белата куќа, која вклучи и марширачки оркестри од сите 50 држави.

Во вторник, двојката Обама ќе оди во историската Национална катедрала во Вашингтон за молитвена служба, децениска традиција што ги донесува заедно религиозните лидери од целата земја.
XS
SM
MD
LG