Линкови за пристапност

Претставничкиот дом гласаше за официјално отворање истрага за импичмент на Трамп


Ова доаѓа по недели сведочење зад затворени врати, за неговите намери да ја поттикне Украина да ги истражува неговите политички противници

Претставничкиот дом гласаше да се дозволи јавна истрага за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, по недели сведочење зад затворени врати за неговите намери да ја поттикне Украина да отвори истрага за неговите политички противници.

Резолуцијата помина со 232 наспроти 196 гласа, со сите републиканци и двајца демократи против.

Веднаш по гласањето, Трамп на Твитер напиша дека истрагата за импичмент е најголема потрага по вештерки во американската историја.

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам, објави соопштение во кое се вели дека претседателот нема направено ништо погрешно, нарекувајќи го процесот нефер, неуставен и суштински антиамерикански.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, долго се противеше на отворањето на истрагата за импичмент, но, повика да се спроведат правилата за импичмент.

„Никој не доаѓа во Конгресот да го тргне претседателот, освен ако неговите постапки се закана за нас и за нашата заклетва“, рече Пелоси, нагласувајќи:

„Тажно, ова не е случај за среќа. Ова нешто е многу сериозно“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG