Линкови за пристапност

Поранешната амбасадорка на САД во Украина на јавен распит во Конгресот


Таа сведочи како дел од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп

Поранешната амбасадорка на САД во Украина Мари Јованович, денес сведочи пред Претставничкиот дом како дел од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

„Не можев да поверувам дека Американската влада одлучи да повлече амбасадор врз основа на неточни тврдења од луѓе со сомнителни мотиви“, рече претходно Јованович за нејзиното отстранување од функцијата.

Вчера сведочеа Вилијам Тејлор, вршител должност амбасадор на САД во Украина, и Џорџ Кент, висок официјален претставник на Стејт департментот, надлежен за политиката на САД кон Украина.

Сите тројца дипломати претходно сведочеа зад затворени врати, во врска со напорите на Трамп да изврши притисок врз Украина да отвори истрага против поранешниот потпретседател Џо Бјаден и неговиот син Хантер.

Демократите изјавија дека јавните сослушувања ќе и` овозможат на јавноста да го оцени кредибилитетот на сведоците и нивните изјави.

Републиканците се очекува да се обидат да ги потценат процедурите за импичмент и да фрлат сенка врз изјавите на сведоците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG