Линкови за пристапност

Тејлор и Кент изјавија оти Трамп сакал истрагата на Украина да му помогне политички


Двајцата сведоци рекоа дека претседателот направил „нерегуларен канал“ да се справи со Украина

Двајцата официјални претставници на Стеј департментот за Украина Влијам Тејлор и Џорџ Кент, кои денес се на јавен распит во Конгресот, како дел од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп, изјавија дека Трамп направил „нерегуларен канал“ да се справи со Украина, предводен од неговиот адвокат Руди Џулијани, со надеж да издејствува Киев да отвори истрага, која ќе му биде од политичка помош.

Тејлор и Кент изјавија дека со тек на времето сфатиле оти Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, делувал на барање на Трамп, надвор од ограничувањата на Стејт департментот, делувајќи на тој начин врз нормалните односи меѓу Вашингтон и Киев.

Дипломатите изјавија дека Џулијани вршел притисок врз Киев да отвори истрага за поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден и неговиот син Хантер, како и дека Џулијани инсистирал на истрага во врска со теоријата дека Украина, а не Русија се мешала во претседателските избори во САД во 2016-та година.

Истрагите кои Трамп ги барал од Украина се случиле во време кога тој ја блокирал воената помош за Киев од 391 милион долари, за справување со проруските сепаратисти во источниот дел на државата.

Тејлор изјави дека уште Украинци без сомение би починале без американска помош.

Првите јавни сослушувања во истрагата за импичмент на Трамп почнаа денес, а за в петок е закажано сведочење на Мари Јованович, поранешната амбасадорка на САД во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG