Линкови за пристапност

Почнуваат првите јавни сослушувања за импичмент на Трамп


Денес на распит ќе се појават американскиот дипломат во Украина Вилијам Тејлор и Џорџ Кент, кој ги надгледува односите со Украина

Денес почнуваат јавните сослушувања во истрагата за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом ја надгледува истрагата, која со недели се одвиваше зад затворени врати, и при која беа сослушани поранешни и актуелни дипломати и официјални лица.

Законодавците во Конгресот и граѓаните низ целата држава ќе имаат можност да го слушнат распитот на американскиот дипломат во Украина Вилијам Тејлор, како и на Џорџ Кент, кој ги надгледува односите со Украина.

Претседателот на Комисијата за разузнавање Адам Шиф, изјави дека Тејлор, Кент и третиот сведок Мари Јованович, која е закажана да сведочи в петок, зад себе имаат децении посветена служба за државата, и оти верува дека нивното сведочење ќе биде од суштинско значење за американските граѓани.

И Тејлор и Кент, изјавија дека Трамп побарал од украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага за неговиот политички ривал Џо Бајден, пред да одобри 391 милиони долари воена помош за Киев, во борбата против проруските сепаратисти во источниот дел на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG