Линкови за пристапност

В среда почнуваат јавните распити за импичмент на Трамп


По неколкунеделни сведочења зад затворени врати, Шиф рече дека Американците треба да имаат шанса да донесат „свој суд“ за случајот против претседателот

Јавните распити во Конгресот за истрага за евентуалните обиди на претседателот Доналд Трамп да ја принуди Украина да спроведе истрага против еден од неговиот политички противници Џо Бајден, ќе почнат следната недела, објави Адам Шиф, претседавач со Конгресната комисија за разузнавање.

По неколкунеделни сведочења зад затворени врати, Шиф рече дека Американците треба да имаат шанса да донесат „свој суд“ за случајот против Трамп.

„Повеќето од фактите се неспорни“, рече Шиф и додаде дека соработници на Трамп се обиделе да извршат притисок врз Украина да објави контроверзен материјал на виделина за Бајден, кој важи за еден од најсериозните кандидати за обезбедување партиска номинација меѓу демократите за изборите 2020.

Шиф додаде дека Конгресната комисија за разузнавање ќе ги слушне сведочењата на вишиот дипломат на САД во Украина Том Тејлор, на заменик - помошникот државен секретар Џорџ Кент, кога ќе почнат сведочењата в среда.

Републиканските законодавци го критикуваа мнозинството демократи дека ја спровеле истрагата без да им овозможат и тие да учествуваат во процесот.

Трамп во повеќе наврати ја оцени постапката за импичмент како лов на вештерки, телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски, го опиша како совршен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG