ВАШИНГТОН —
Претставничкиот дом ја формализираше истрагата за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, преку носење резолуција, со која ќе се регулираат процедурите за наредната фаза во оваа постапка.
По недели сведочење зад затворени врати, демократите се очекуваат да почнат со јави сослушувања на сведоци во врска со постапката на Трамп да побара од Украина да отвори истрага за неговиот политички противник во изборите следната година Џо Бајден.
Сите реубликанции гласаа против оваа мерка, вкчучувајќи и двајца демократи.
Оваа истрага ќе го направи Трамп четврти претседател кој се соочил со импичмент.
Претседателот ја оцени истрагата како лов на вештерки.
Facebook Forum