Линкови за пристапност

Барањето на Трамп до Украина е основа за импичмент, велат тројца правни експерти пред Конгресот


Еден од професорите кои сведочат во Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом, смета дека нема доволно докази за отстранување на претседателот

Тројца правни експерти денес пред Конгресот изјавија дека претседателот на САД Доналд Трамп направил дела кои се основа за импичмент, а кои се поврзани со барањето од Украина да отвори истраги кои ќе му донесат политичка корист.

Професорот на Унивезротетот Харвард Ноа Фелдмен, рече дека со тоа што Трамп побарал од украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага против неговиот политички противник на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бјаден, направил голем криминал, нешто што е утврдено како основа за импичмент во Уставот на САД.

Памела Карлан, професорка на Универзитетот Станфорд, изјави дека претседателот на САД треба да одбие надворешно мешање во американските избори, а не да бара тоа да се случи.

Според неа, барањето на Трамп кон Зеленски е сериозна злоупотреба на моќта.

Професорот Мајл Герхарт од Универзитетот на Северна Каролина, рече дека ако Конгресот не успее да го отстрани претседателот од функција, тогаш постапката за импичмент ќе го изгуби значењето.

Републиканците, пак, кои го поддржуваат Трамп, го повикаа професорот Џонатан Турли од Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој пак рече дека недостигаат докази за импичмент на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG