Линкови за пристапност

Демократите денес ќе ги презентираат правните последици од наводната злоупотреба на моќ на Трамп


Џеј Секулоу, еден од адвокатите на Трамп, изјави дека е апсурдно што постапката за импичмент се води воопшто

Демократите од Претставничкиот дом кои ја водат постапката за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, денес, пред Сенатот ќе ги презентираат правните и уставните последици кои, според нив, произлегуваат од злоупотребата на моќта на претседателот.

Конгресменот Адам Шиф најави дека ќе ги образложат сите факти кои укажуваат на злоупотреба на функцијата од страна на претседателот, кога побарал помош од странска влада за сопствен политички бенефит.

Шиф, заедно со неговиот тим, денес и утре имаат можност да го образложат случајот пред правниот тим на Трамп кој, пак, од сабота има 24 часа да ја презентира страната на претседателот.

Џеј Секулоу, еден од адвокатите на Трамп, вчера изјави дека е апсурдно што постапката за импичмент се води воопшто.

Трамп, пак, во текот на оваа постапка повеќе пати изјави дека не направил ништо погрешно во разговорите со украинскиот претседател Володомир Зеленски, често опишувајќи го разговорот како совршен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG