Линкови за пристапност

Сослушувањето во Сенатот за импичмент на Трамп продолжува во вторник


Сенатот вчера официјално го извести претседателот за обвиненијата против него

Сослушувањето во Сенатот за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп се очекува да продолжи најрано во вторник следната недела.

Сенатот вчера официјално го извести Трамп за сослушувањето и обвиненијата против него. Претседателот мора да одговори писмено на ова известување до утре вечер.

Постапката за импичмент на Трамп се случува во време на голема политичка поделба, како и во време кога неколку демократи, меѓу кои сенатори, се во трка да се соочат со Трамп на претстојните претседателски избори во ноември.

Седум законодавци од Претставничкиот дом беа назначени за директори во постапката за импичмент. Тие треба да подготват и да испратат правни инструкции утре и в понеделник.

Претседавачот со Комисијата за разузнавање Адам Шиф вчера ги прочита обвиненијата против Трамп, историски трето сослушување во Сенатот за импичмент на претседател на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG