Линкови за пристапност

Се` уште не се знае кога ќе почне постапката за импичмент во Сенатот


Спикерката Ненси Пелоси засега одбива да ги предаде обвиненијата за импичмент на Трамп, велејќи дека прво сака да се обезбедат фер услови за тоа

Конгресните лидери размислуваат за следните чекори во Сенатот, откако претседателот на САД Доналд Трамп во средата беше отповикан од функцијата во Претставничкиот дом.

Спикерката Ненси Пелоси засега одбива да ги предаде обвиненијата за импичмент на Трамп во Сенатот, со образложение оти прво сака да се обезбедат фер услови за спроведување на постапката.

„Следен чекор е да видиме како ќе се постави процесот во Сенатот“, истакна Пелоси.

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел вчера ги обвини демократите, велејќи дека Пелоси се плаши да ги предаде обвиненијата поради, како што рече тој, лошо завршената работа.

Според него, Сенатот треба тоа да го коригира со ослободување на Трамп.

Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер, пак, реагираше на коментарите, укажувајќи дека Меконел самиот рекол оти нема намера да биде обејктивен на сослушувањето во Сенатот.

Според Меконел, процесот во Сенатот ќе биде приоритет во јануари, а се очекува да заврши со ослободување на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG