Линкови за пристапност

Објавен извештајот за импичмент на Трамп: Доказите се јасни дека претседателот извршил притисок врз Украина


Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом наведува дека Трамп ја злоупотребил позицијата за добивање лична политичка корист

Демократите од Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом објавија извештај во кој се наведуваат доказите собрани во текот на истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп, во кој укажуваат дека тој ја злоупотребил моќта на позицијата.

„Доказите се јасни дека претседателот Трамп ја злоупотребил службената положба да изврши притисок врз Украина да отвори истрага против политичкиот ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, ширејќи ја теоријата на заговор дека Украина, а не Русија влијаела врз изборите во 2016 година. Овие истраги биле смислени да бидат во корист на неговата изборна кампања во 2020 година“, соопштија демократите.

Утре истрагата за импичемнт на Трамп продолжува во Комисијата за правосудство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG