Американскиот Претставнички дом усвои предлог-закон за запирање на претседателот Барак Обама од преземање извршна акција за задржување на над четири милиони недокументирани имигранти од депортација.
Документот на Претставничкиот дом акциите на претседателот ги прогласува за неважечки.
Поддржувачите на мерката велат дека Обама ги пречекорува своите уставни овластувања со потезите без одобрение од Конгресот. Тие велат дека тоа го остава принципот на поделба на власта без значење.
Белата куќа постојано тврди дека потегот на претседателот е легален, и дека претседателот ќе стави вето на предлогот на Претставничкиот дом ако дојде до негова маса на потпис.
Демократите забележуваат дека републиканските претседатели Роналд Реган и Џорџ Х. В. Буш исто така презеле извршна акција по имиграцијата без да го уништат Уставот.