Линкови за пристапност

Обама бара од Конгресот две милијарди долари за имигрантската криза


Парите ќе бидат потрошени за објектите и други потреби на службите кои привеле десетици илјади деца што илегално влегле во САД

Американскиот претседател Барак Обама се подготвува да побара од Конгресот две милијарди долари за постапување по имиграционата криза во која десетици илјади деца без придружба од Централна Америка илегално минуваат во САД.

Барањето за итни трошоци се очекува да биде поднесено во вторник и ќе ги покрие, меѓу другото, притворните објекти, легалните потреби и погранично засилување.

Обама се очекува одвоено од ова да побара од Конгресот да му даде на секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон нов авторитет да го забрза процесот на враќање на децата дома.

Претседателот во среда заминува за Тексас, каде нема планови да ја посети границата, но ќе разговара за кризата со локални официјални лица.

XS
SM
MD
LG