Линкови за пристапност

Законодавците поблиску до имиграциона реформа


Компромис во Сенатот донесе план кој може да доведе до голема реформа на имиграционите закони на државата.

Американските сенатори во четврток се придвижија поблиску до договор за голема реформа на имиграционите закони на државата.

Во компромис, клучните сенатори се согласија на нов план со кој ќе се обидат да го оневозможат минувањето на илегални имигранти на јужната граница на САД со Мексико. Со планот ќе се дуплира сегашната цифра од 20.000 погранични агенти, ќе додаде 1.126 километри на ограда на границата и ќе обезбеди пари за нови беспилотни летала за набљудување.

По месеци на преговори зад сцената, двопартиска група од четворица републикански и четворица демократски cенатори изработија реформски пакет за имиграција со голем досег. Но конзервативните републиканци, како тексашкиот сенатор Џон Корнин, протестираа дека провизиите за погранична безбедност не се доволно строги.

Легислативата повикува на пат што би водел до државјанство за 11 милиони имигранти кои веќе се во САД без соодветни документи.

Лидерот на мнозинските сенатски демократи Хари Рид кажа дека е важно оваа група имигранти да добие легален статус во САД.

Сенатот планира да гласа по легислативата пред празникот 4-ти Јули. Доколку биде усвоена ќе оди во Претставничкиот дом, каде нејзината судбина не е јасна.
XS
SM
MD
LG