Линкови за пристапност

Обама одново притиска за имиграциона реформа


Американскиот претседател го бодри Конгресот да усвои легислатива за преуредување на националниот систем за имиграција.

Белата куќа вели дека Обама ги промовира економските и бенефициите за националната безбедност во двопартискиот предлог-закон што се разгледува во американскиот Сенат, каде првите гласања се закажани за подоцна во понеделник.

Претседателот се приклучува на група лидери од бизнисот, трудовите организации и религиозни заедници.

Група од осуммина демократски и републикански сенатори се согласи на документ што вклучува креирање пат до државјанство за проценетите 11 милиони недокументирани странски граѓани кои живеат во САД. Еден од сенаторите, демократот од Њујорк, Чарлс Шумер, кажа дека е убеден дека Сенатот ќе го усвои до 4-ти Јули, Денот на независноста на САД.

Во меѓувреме, лидерот на Претставничкиот дом Џон Бенер, републиканец, за телевизијата АБЦ кажа дека исто така мисли оти и неговиот дом ќе ја одобри имиграционата легислатива. Но тој рече дека мерката многу веројатно ќе бара порестриктивно обезбедување по должина на американската граница со Мексико.

Бенер кажа дека Конгресот ќе ја комплетира имиграционата реформа оваа година.
XS
SM
MD
LG