Линкови за пристапност

Американските сенатори поднесоа предлог-закон за имиграцијата


Двопартиска група на американски сенатори формално го поднесе долгоочекуваниот реформски предлог-закон.

Сенаторот Чак Шумер денеска го поднесе документот од 844 страници.

Легислативата предвидува 13-годишен пат до државјанство за повеќе од 11 милиони имигранти кои во државата се илегално. Тоа е како дополнение на зајакнувањето на безбедноста на границите.

И конзервативците и либералите го критикуваа законот.

Сенаторот Шумер, демократ и сенаторот Мекејн, републиканец, се сретнаа со претседателот Обама во вторникот навечер да разговараат за документо. По средбата претседателот го поттикна Сенатот брзо да го усвои предлог-законот.
XS
SM
MD
LG