Линкови за пристапност

Обама во Вегас за имиграционата реформа


Претседателот на САД ја поздрави покажаната волја во Конгресот да се реши прашањето со нелегалната имиграција во земјата.

Претседателот Барак Обама вели дека е охрабрен од „искрената желба“ во Конгресот за справување со 11-те милиони илегални имигранти во земјата.

Во обраќање во Лас Вегас, Невада, во вторник, претседателот кажа дека предлогот од двопартиска група на сенатори е „многу на линија“ со неговите имиграциони принципи. Тој кажа дека времето дошло за имиграциона реформа.

Реформскиот план на сенаторите објавен во понеделникот вклучува пат до државјанство за оние кои во земјата се илегално.

Но, во Вашингтон во вторникот, сенаторот Џеф Сешнс од Алабама, го постави прашањето какво добро може да донесе нов имиграционен закон ако САД не се волни да ги спроведуваат постојните закони.
XS
SM
MD
LG