Линкови за пристапност

Предлог за имиграциона реформа во САД


Група сенатори претставуваат документ што вклучува пат до државјанство за оние кои во моментов се нелегално во државата.

Двопартиска група на проминентни американски сенатори во понеделник ќе претстави голем пакет реформи кои се однесуваат на имиграциониот систем на државата, вклучувајќи пат до државјанство за оние кои во моментов се илегално во државата.

Предлогот е документ на пет страници, што започнува со реченицата дека законодавците признаваат оти американскиот имиграционен систем е „скршен“. Тоа доаѓа пред планираниот говор на претседателот Барак Обама во вторник, каде се очекува тој да поттикне на акција за имиграциона реформа.

Илегалните имигранти би се регистрирале кај владата, би биле подложени на проверка на минатото, би платиле парична обврска и би комплетирале уште неколку чекори за да добијат статус што ќе им дозволи условно да останат во земјата за легален живот и работа. Потоа би биле ставени на листата за добивање таканаречена зелена карта како постојани легални жители.

Планот вклучува исклучоци за оние кои влегле во државата како деца, како и за земјоделските работници кои, како што велат сенаторите, играат важна улога во одржување на обезбедувањето со храна на нацијата.

Новите патишта до државјанство доаѓаат заедно со зголемено обезбедување , вклучувајќи повеќе беспилотни летала, надзор и имиграциони агенти.

Во предлогот стои дека 11 милиони недокументирани имигранти доаѓаат во државата „речиси исклучиво за работа“.
XS
SM
MD
LG