Линкови за пристапност

Како прашањето за имиграцијата ќе се одрази врз конгресните избори?


Меѓу републиканците мислењата се речиси еднакво поделени - 42 проценти даваат поддршка, додека 44 проценти се против имигрантите

Републиканските кандидати за Претставничкиот дом и Сенатот го прифаќаат главното прашање од претседателот Доналд Трамп за да победат на изборите во ноември - имиграцијата.

Во Нешвил, Тенеси, 5.500 симпатизери бараат од Трамп изградба на ѕид и справување со криминалната група МС-13.

„Верувам во имигационата забрана на Трамп, и ќе се борам заедно со него да се изгради ѕидот“, изјави Марша Блекберн, кандидатка за Сенатот.

Досега, републиканските кандидати за Претставничкиот дом ја споменале имиграцијата во 34,3 проценти од телевизиските настапи, велат аналитичари за „Јуес тудеј“.

„Има голема дебата за тоа дали поддржувачите на Трамп ќе се свртат кон други републикански кандидати, кои му се спротивставуваат на претседателот и кои се обидуваат да пристапат кон други прашања“, вели Ден Кокс, директор на Институтот за истражување на религијата, кој додава дека делумните конгресни избори типично се поврзани со партиската база, а ова прашање ја иритира републиканската база.

Според Центарот за истражување „Пју“, речиси 65 проценти од Американците сметаат дека имигрантите ги зацврстуваат САД, поради нивната напорна работа и талент, додека 26 проценти на нив гледаат како проблем, бидејќи земаат работни места, домување и здравствена заштита.

Меѓу републиканците, мислењата се речиси еднакво поделени - 42 проценти даваат поддршка, додека 44 проценти се против имигрантите, открива истражувањето.

Аналитичарите веруваат дека пораката на Трамп за имиграцијата може да биде проблематична кај жителите со високо образование, како и кај оние кои се критични кон неговите контроверзни политики.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG