Линкови за пристапност

Наближува рокот за решение за имиграционите реформи


Истекува времето за усогласување на планот за финансирање на владата и постигнување меѓупартиски договор за имиграционите реформи.

Буџетската битка може да води до делумно владино затворање следната недела. Демократите во Конгресот инсистираат, во договорот за владиното финансирање да се најде и решение за 800.000 недокументирани имигранти коишто беа заштитени од депортирање, согласно програмата ДАКА.

Синоќа, група конгресмени во Претставничкиот дом претставија план што треба да понуди посеопфатна имиграциона реформа, која би вклучила тригодишен обновлив статус за корисниците на ДАКА, но не нуди пат кон евентуален статус за постојан престој во САД.

Конгресот има време до 5-ти март да дојде до решение, откако претседателот ја укина програмата во ноември.

Ова горливо прашање за имиграцијата деновиве зеде преседан, во време кога Конгресот се соочува со рокот 19-ти јануари, кога истекува финансирањето на владата, што веќе три пати се одложува, со привремени решенија за буџетот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG