Линкови за пристапност

Администрација на Бајден ќе ги донесе родителите на одделените деца мигранти назад во САД


Тоа е всушност повеќе од обично што се доделува со хуманитарна условна слобода. Но, тоа не е постојан статус, туку е привремен

Одделот за домашна безбедност го искористи својот хуманитарен авторитет за повторно обединување на семејствата разделени во 2018-та година на границата САД-Мексико под политиката на нула толеранција на администрацијата Трамп за неовластени имигранти.

Според извештајот за напредок на 22 страници објавен претходно оваа недела од страна на американските меѓуагенциски работни групи, олеснувањето ќе им овозможи на некои родители мигранти да влезат во САД и да останат во период од 36 месеци.

Тоа е всушност повеќе од обично што се доделува со хуманитарна условна слобода. Но, тоа не е постојан статус, туку е привремен.

Правните патишта за родителите депортирани без нивните деца се ограничени. Според законите на САД, на секој депортиран му е забрането повторно влегување во период од пет години.

Оние што се надеваат дека ќе се вратат во САД ќе мора да поминат низ проверка на криминална позадина и да покажат дека можат да се издржат финансиски или да имаат систем за поддршка при враќањето во земјата, според Тарнер-Хербас.

Извештајот посочува дека 29 родители мигранти се очекува да дојдат во САД во следните недели за да бидат повторно обединети со своите деца. Само седум семејства беа обединети во мај.

Застапниците на имиграцијата го критикуваа темпото на обединување, истовремено признавајќи ги предизвиците за наоѓање и враќање на родителите во САД.

Ова е прв извештај за напредок на работната група за обединување на семејствата создаден од претседателот Џо Бајден преку извршна наредба за обединување на сите семејства мигранти разделени за време на администрацијата на Трамп.

Претседателот Бајден минатата недела го прими извештајот кој покажува дека вкупно 5.636 деца биле разделени, а 2.127 деца допрва треба да се обединат со своите родители.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG