Линкови за пристапност

Американската влада ќе го оспори законот за имиграција на Аризона


Aргументот на одделот за правда е дека спроведувањето на имиграцијата е надлежности на федералните власти, а новиот закон во Аризона тоа не го почитува

Американскиот оддел за правда одлучи да покрене постапка против новиот и контроверзен имиграционен закон во сојузната држава Аризона.

Извори од одделот за правда велат дека нивниот аргумент е дека спроведувањето на имиграцијата е во доменот на надлежности на федералните власти, и дека новиот закон во Аризона им навлегува во ингеренциите.

Законот од Аризона, кој треба да стапи на сила на крајот на месецот, бара од полицијата да го истражи имиграциониот статус на лицата ако има оправдано сомневање дека тие се илегално во земјата. Со новиот закон, илегалната имиграција ќе стане кривично дело.

Постапката се очекуваше со недели.

Американскиот претседател Барак Обама рече дека мерката на Аризона води во погрешна насока, а групите за заштита на човекови права велат дека законот ќе води до дискриминација по расна основа.

Приврзаниците, пак, велат дека мерката од Аризона е валиден одговор на прашањето за илегална имиграција.

XS
SM
MD
LG