Линкови за пристапност

Италија и Франција се договорија да не примаат нови мигранти


Италија и Франција се договорија да не примаат нови мигранти
Италија и Франција се договорија да не примаат нови мигранти

Италија и Франција се согласија да постават заеднички патроли во обид да оневозможат повеќе туниски мигранти да пловат кон Европа бегајќи од немирите во Северна Африка.

Италијанскиот Министер за внатрешни работи Роберто Марони договорот го соопшти во петок по средбата со францускиот колега во Милано.

Двете држави имаа расправи за тоа како да се справат со илјадниците, главно туниски, мигранти кои илегално дошле на италијанскиот остров Лампедуса, многу од кои се надеваат да одат понатаму, во Франција.

Италија реши да издава привремени „хуманитарни“ дозволи за престој за мигрантите што ќе им дозволи слободно да патуваат во Франција и други европски држави кои влегуваат во шенгенскиот договор за слобода на движење.

Но Франција вели дека само мигранти со неопходни документи и финансиски средства ќе може да влезат во Франција.

Околу 25 илјади недокументирани мигранти стигнаа во Европа по избивањето на насилството во Северна Африка.

Имиграционото прашање се очекува да биде високо на агендата кога францускиот претседател Николас Саркози и италијанскиот премиер Силвио Берлускони ќе се сретнат подоцна месецов, на 26 април.

XS
SM
MD
LG