Владината програма влезе во сила во среда. Таа дозволува млади луѓе кои биле донесени илегално во САД од страна на нивните родители привремено да останат во државата да работат, без страв од депортација, доколку одговорат на одредени барања.
Овие барања вклучуваат да се биде ученик или во служба на армијата, како и да не претставуваат криминална или безбедносна закана.
Исто така, апликантите мора да бидат под 31-годишна возраст и мора да пристигнале во САД пред нивниот 16-ти роденден.
Институтот за миграциона политика проценува дека околу 1,8 милиони имигранти може да паѓаат во оваа категорија. Но портпаролот на групата, Мишел Мителстад, за Гласот на Америка изјави дека некои потенцијални апликанти се загрижени за откривањето на нивниот статус:
„Некои се загрижени дека ако се идентификуваат пред владата како илегалци, тоа ќе значи ризик за нив да бидат депортирани подоцна во некое време“.
Противниците на програмата велат дека тоа е исто со амнестија. Џек Мартин од Федерацијата за американска имиграциона реформа вели дека реципиентите на програмата може да ги земат работните места на американски државјани во време кога економијата се` уште не е потполно опоравена.
Илегалната имиграција е многу контроверзно прашање во САД.