Линкови за пристапност

Дебата за недокументираните имигранти


Активисти го покренуваат прашањето за третманот на овие лица, од кои голем дел се деца.

Преку 52.000 недокументирани деца се меѓу илегалните мигранти приведени преминувајќи ја американско-мексиканската граница од минатиот октомври, наваму. Претседателот Барак Обама ова го нарече хуманитарна криза.

Во вторникот, разлутени демонстранти заради напливот на имигранти блокираа три автобуси полни со приведени лица, вклучувајќи семејства и деца упатени кон пограничниот центар за процесирање во јужна Калифорнија.

Во четвртокот во Лос Анџелес, латино-американските имигранти ги повикаа Мексико и САД да ги заштитат правата на семејствата и на децата.

Двајца недокументирани имигранти над 18-годишна возраст и кои се сметаат за возрасни лица, неделава пред новинарите го опишаа нивниот тримесечен престој во притворниот центар во Сан Диего. 21-годишниот Јорди Канчино завршил средно образование во САД, а мајка му се` уште живее во Лос Анџелес. Тој вели дека вработените во центарот го терале да потпише документи за депортација.

„Сакав да го прочитам документот. Нема да потпишам нешто што не разбирам. Надлежните ми кажаа да го сторам тоа и дека мојот процес ќе биде брз и се` ќе биде во ред. Им реков дека доколку не ми дозволат да видам за што се работи, не потпишувам ништо“, кажа Канчино.

Активистите од Коалицијата за хумани имиграциони права со седиште во Лос Анџелес, се прашуваат кој ќе ги заштити правата на децата кои во моментов се наоѓаат во притвор.

Американските власти потенцираат дека вложуваат максимални напори да обезбедат соодветен третман за младите лица и семејствата кои чекаат сослушување за азил. Повеќето од младите мигранти доаѓаат од Централна Америка и можно е привремено да се поврзат со членови на нивните семејства кои веќе се во САД. Но има изгледи дека повеќето ќе бидат депортирани.

Претседателот Обама побара од Конгресот да обезбеди две милијарди долари за успешно справување со кризата. Тој додаде дека темелна реформа на имиграциониот систем е единственото долгорочно решение. Лидерот на републикаското мнозинство во Претставничкиот дом, Џон Бејнер, кажа дека тоа нема да се случи годинава, додавајќи дека републиканците сакаат да видат поголема безбедност на границата.

XS
SM
MD
LG