Мигрантите од Хаити кои живеат во Спрингфилд, мал град во сојузната држава Охајо, се на насловните страници на национално ниво откако беа обвинети дека ги јадат домашните миленици на жителите. Обвинувањето, објавено на социјалните мрежи, засилено од републиканскиот потпретседателски кандидат, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, беше повторено во минатонеделната дебата од страна на поранешниот претседател Доналд Трамп, што предизвика бес.
Мигрантите од Хаити во Охајо, како Клио, ги негираат наводите.
„Го видов тоа на интернет. Луѓе кои зборуваат за тоа како луѓето од Хаити се однесуваат лошо. Но, дефинитивно нема докази. Како и да е, јас не шетам низ градот“, вели Клио Парасион, мигрант од Хаити.
Иако локалните власти потврдија дека нема докази дека мигрантите јадат домашни миленици, гласините поттикнаа бројни закани за бомби, принудувајќи до затворање на училиштата и негативно влијае на животите на луѓето од Хаити во Спрингфилд.
Кога таквите вести се објавуваат во медиумите, тоа нe' плаши. Ние само бараме подобар животБаптис, мигрант од Хаити
„Кога таквите вести се објавуваат во медиумите, тоа нe' плаши. Ние само бараме подобар живот“, вели Баптис, мигрант од Хаити.
Друг мигрант од Хаити, кој зборуваше за Гласот на Америка под услов да остане анонимен од безбедносни причини, вели дека еден лут жител му се заканувал со нож.
„Добив телефонски повик и излегов надвор со еден пријател. Само стоевме и видов камион на еден човек. Не го ни допирав - а тој излезе и ме праша што правиш? Рековме дека само стоиме, не се потпираме на вашиот камион. Момчето застана во поза како да е подготвен да се бори. И неговата сопруга ни рече само да си одиме, да се вратиме внатре. Затоа, го игнориравме и заминавме, но она што навистина ме запрепасти е дека момчето се сврте и рече 'вие од Хаити' – потоа ми се закани со нож“, вели мигрантот.
„Спрингфилд е динамична заедница со многу позитивни атрибути. Разочарувачки е што некои од наративите кои го опкружуваат нашиот град се искривени од дезинформациите кои кружат на социјалните мрежи и дополнително се засилуваат со политичката реторика“, објаснува Брајан Хек, Градски менаџер на Спрингфилд.
Разочарувачки е што некои од наративите кои го опкружуваат нашиот град се искривени од дезинформациитеБрајан Хек, Градски менаџер на Спрингфилд
Прашањето со мигрантите е комплицирано. Тоа ги надминува наводите за јадење миленичиња.
Во Спрингфилд, каде има вкупно 60 илјади жители, живеат повеќе од 15 илјади мигранти од Хаити. Монтае е локален жител кој вели дека мигрантите од Хаити им ја земаат работата на Американците.
„Ги земаат работните места. Знаете за привремена работа во фабриките, се бараат 50 луѓе, кои би можеле да бидат 50 Американци, а наместо тоа, тие немаат работа. Луѓето од Хаити ги земаат токму тие 50 места. Тоа се 50 луѓе кои немаат работа“, смета Монтае.
Ернест е претставник за услуги на клиентите во „Adasa Latin Market“. Тој вели дека над 70 отсто од неговите клиенти се луѓе од Хаити и дека приливот на мигранти создал одреден конфликт со локалните жители.
„Ова е мал град. Луѓето во некои области не се толерантни, па можам да видам како би се чувствувале. И тоа е исто така зашто луѓето не ги знаат културните разлики и како да се однесуваат во одредени работи“, вели Ернест.
Еден мигрант откако пред три месеци се преселил од Флорида во Спрингфилд добивал закани. Сега, тој размислува да се спакува и да го напушти градот.