Линкови за пристапност

ММФ: Глобалниот економски растеж е „разочарувачки“


Од агенцијата велат и дека економиите на САД, Јапонија и ЕУ ќе растат побавно отколку што претходно се проценуваше.

Меѓународниот монетарен фонд вели дека глобалниот економски раст е „премногу бавен подолго време“ и дека оваа „разочарувачка“ стапка на раст може да се влоши.

Најновиот Светски економски преглед на ММФ го крати предвидениот глобален растеж за две десетини од процентот на 3,2 проценти.

Од агенцијата велат и дека економиите на САД, Јапонија и ЕУ ќе растат побавно отколку што претходно се проценуваше. Според студијата, Кина најверојатно ќе има побрз раст од претходно предвиденото.

ММФ вели дека моменталната глобална финансиска турбуленција ја зголемила загриженоста кај инвеститорите, нагло ги намалила цените на таканаречените ризични средства, ги зголеми каматните стапки за кредити за земјите во подем и го заострила падот на цените на нафтата и останатите производи. Продолжувањето на „насилната нестабилност“ кај многу земји, вклучувајќи ја и Сирија, предизвика „хуманитарна катастрофа“ додека милиони бегалци бараат безбедност во други земји.

Авторите велат дека напливот на бегалци во Европа, заедно со другите економски притисоци го зголемува бранот на „внатрешен национализам“ којшто им штети на економските интеграции. Во извештајот исто така се истакнува загриженоста за реакциите во САД против слободната трговија.

Извештајот повикува законодавците да ги искористат предностите на тековните ниски каматни стапки за да инвестираат во инфраструктура и истражување, обезбедувајќи итен и долгорочен поттик на растот и работните места.

ММФ исто така ги повикува националните лидери да се подготват во справување со економските проблеми, предупредувајќи дека кревката глобална економија остава „малку простор за грешка“.

XS
SM
MD
LG