Линкови за пристапност

ММФ: Глобалните финансиски системи пред големи транзиции


Советник на ММФ зборува за предизвиците на САД, Јапонија, ЕУ и кревките пазари во подем.

Меѓународниот монетарен фонд вели дека глобалниот финансиски систем се соочува со неколку тешки транзиции додека светските економии бараат поголема стабилност.

Финансискиот советник во ММФ Хозе Вајналс во среда кажа дека има клучни прашања со кои се соочени економските сили како САД, Јапонија и 17-члениот европски блок на заедничка валута, како и кревките пазари во подем.

Тој го постави прашањето колку мазно САД ќе можат да се придвижат од период кога нивната Централна банка пумпа пари во најголемата економија во светот да го поттикне опоравувањето од економскиот пад во 2009 до нормализација без монетарна поддршка.

Вајналс кажа дека пазарите на економиите во подем исто така се соочуваат со нови предизвици, со тоа што некои инвеститори ги повлекуваат своите фондови што ги инвестирале за време на глобалната рецесија.

Вајналс кажа дека политичките промени во земјите на еврозоната ги олесниле тригодишните владини должнички кризи, но корпоративните долгови остануваат проблем, со тоа што банките се соочуваат со големи загуби по лошите заеми.

Тој исто така го постави прашањето дали стимулативните мерки во Јапонија, третата по големина економија во светот, ќе ја извлече државата од долгиот период на економски тешкотии.
XS
SM
MD
LG