Линкови за пристапност

ММФ: Глобалната економија успорува


Експанзијата на економиите во подем е помала од очекуваното, а голем фактор се и должничките проблеми на Европа

Меѓународниот монетарен фонд вели дека глобалниот економски растеж успорува во време кога продолжуваат должничките проблеми во Европа и експанзијата е помала од очекуваната во поголемите економии во подем.

Експерти на ММФ велат дека глобалната економија ќе се прошири за 3,5 проценти годинава и за 3,9 проценти во 2013, што е малку помало од претходните проценки.

Но, извештајот претставен во понеделник во Вашингтон вели дека економската ситуација може да стане полоша доколку напорите за подобрување на европската ситуација замрат или доколку политичкиот застој во Вашингтон доведе до драстични кратења на трошоците и зголемување на даноците.

Кинескиот растеж се проценува дека ќе биде осум проценти годинава и малку побрз следната година. И двете цифри се помали од претходните проекции и помали од последните две години.

Стручњаците на ММФ предвидуваат дека Индија, друг пазар во подем, ќе се прошири малку над шест проценти оваа година, и нешто повеќе следната година. Тие цифри се исто така пониски отколку претходните години и поранешните предвидувања.
XS
SM
MD
LG