Линкови за пристапност

ММФ предупредува на финансиска криза ако нема решение на трговските спорови


ММФ ги повика креаторите на политики да работат на изнаоѓање решенија за трговските спорови

Светската економија забавува и има најслабо темпо од светската финансиска криза па досега, бидејќи трговската војна помеѓу САД и Кина ја поткопуваат деловната доверба и инвестициите, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд.

Предупредувајќи на можни ризици ММФ ги повика креаторите на политики да работат на изнаоѓање решенија за трговските спорови, бидејќи ограничени се алатките со кои може да се одговори на нова криза.

„Со синхронизирано забавување и неизвесно закрепнување, глобалните изгледи остануваат несигурни“, рече главната економистка на Меѓународниот монетарен Гита Гопинат презентирајќи ја најновата прогноза.

ММФ за изминатата година го намалуваше проектиран раст за секои три месеци во 2019 година бидејќи трговските конфликти се влошија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG