Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува 2019 да биде година на забавен раст на глобалната економија, продолжувајќи го трендот од минатата година.
Растот на Бруто-домашниот производ на Северна Македонија за годинава се предвидува да биде три проценти.
Сепак, ММФ се надева дека на крајот на годинава и на почетокот на 2020, ќе има зголемување на економскиот раст.
Во извештајот објавен денес, ММФ предупредува дека иако има причини за оптимизам, има и бројни ризици што би можеле да ја задржат глобалната економија да го постигне потенцијалниот раст.
Помеѓу потенцијалните фактори што би можеле да го забават растот се неизвесноста со излегувањето на Британија од Европската Унија, трговските преговори САД- Кина, како и дали Турција и Аргентина ќе имаат заздравување на економиите според предвидувањето на економистите.
Во извештајот се нагласува дека законодавците треба да работат заедно за да осигурат дека економската неизвесност нема да доведе до намалени инвестиции
Од друга страна, ММФ нотира оптимизам за разрешување на трговските проблеми меѓу САД и Кина, што резултираа со воведување царини на производи од девете страни во вредност од стотици милијарди долари.
Фондот додава и дека Централната банка на САД презела попријателски однос кон олеснување на пристапот до финансии за стимулирање економски раст.
На долг рок, се нагласува во извештајот, светските економии треба да адресираат зголемена нееднаквост, слаби инвестиции и зголемен трговски протекционизам, доколку сакаат да го зголемат економскиот раст.
„Државите треба да работат заедно да ги адресираат ризиците од климатските промени и кибернетските закани“, стои во извештајот.
ММФ предвидува економски раст од 3.6 проценти по 2020 година, додека Кина и Индија се очекува да имаат зголемен раст на економијата.
Facebook Forum