Линкови за пристапност

ММФ: Војните на Блискиот исток ја разнишаа глобалната економска стабилност


Владите треба да ги засилат економските и социјални институции и да го заштитат човечкиот живот без креирање нови долгови.

Нов извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) покажува дека конфликтот на Блискиот исток и во Северна Африка влијаат на економијата со раст на инфлацијата, пад на вредноста на валутите и создавање река на бегалци кои бараат безбедност во соседните земји.

Според извештајот, војната го преполовила бруто домашниот производ на Сирија, ја ослабнала економијата на Јемен, додека пак нестабилноста на цената на нафтата ја ослабнала економијата на Либија за 24 отсто во 2014-та година. Конфликтот во Газа го стагнирал економскиот раст изминативе две децении, додека останатиот дел од регионот напреднал за околу 250 отсто.

По економскиот стрес, 1,7 милиони бегалции тргнаа кон Европа, а три милиони се преселија во Турција. Грижата за бегалците прави голем притисок на државите-домаќини, на нивниот буџет и толеранција. Конфликтите ги плашат туристите и инвеститорите го напуштаат регионот, што значи дополнително кратење на нивните приходи и тие тонат во долг.

Извештајот на ММФ покажува дека добро промислени економски реформи може да го намалат негативниот ефект на конфликтите, но дека такви се тешки за имплементирање. Имено, владите треба да ги засилат економските и социјални институции и да го заштитат човечкиот живот без тоа да значи нови долгови.

Но, спроведувањето на тие економски реформи е отежнато заради тенденцијата на креаторите на политиките да ги ставаат партиските интереси во преден план наместо економските реформи кои ќе имаат позитивен ефект на долг рок.

Глобалниот позајмувач вели дека меѓународните институции треба да понудат инструкции и пари, и да работат на инклузивен растеж што ќе помогне да се избегнат идни конфликти. Студијата посочува дека по смирувањето на конфликтите, важно е да се зајакне зајакне приватниот сектор, кој ќе овозможи отворање на нови работни места.

XS
SM
MD
LG