Линкови за пристапност

ММФ одобри 176.53 милиони евра помош за Северна Македонија


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека парите ќе помогнат за стабилизација на здравствените и макроекономски мерки

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска помош од 176.53 милиони евра за Северна Македонија, за справување со пандемијата на коронавирус.

ММФ соопшти дека парите ќе помогнат за стабилизација на здравствените и макроекономски мерки, да се извршат итните наплати за потребите кои произлегоа од пандемијата на КОВИД-19.

„Економскиот изглед на Северна Македонија значително се влоши како резултат на пандемијата на КОВИД-19. Бруто-домашниот производ се очекува да се намали за четири проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка“, соопшти ММФ, додавајќи дека Владата на Севрна Македонија и Народната банка, останале цврсто посветени да ја одржат стабилоста на монетарниот, надворешен и финансиски сектор, како и оти се подготвени да преземат дополнителни мерки доколку тоа е потребно.

„Властите, исто така, изразија цврста посветеност штом ќе заврши кризата со КОВИД-19, да изградат структурална реформска агенда, за да се помогне да се заштити одржливоста на долгот“, изјави ММФ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG