Линкови за пристапност

ММФ: Со намалување на корупцијата во Македонија ќе се зголемат инвестициите


И покрај благиот пораст на БДП, инвестициите продолжуваат да се намалуваат, како резултат на одложени инфрастуктурни проекти и несигурност, се вели во извештајот објавен денес

Бруто - домашниот производ на Македонија заблежал благ раст во првите три квартали во 2018 година, и се проценува дека достигнал два процента на годишно ниво, се вели во извештајот за Македонија на Извршниот борд на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој што беше објавен денес.

Согласно извештајот, економскиот раст е резултат на зголемена надворешна побарувачка и заживеан метален сектор.

Сепак, се нотира во извештајот, дека инвестициите продолжуваат да се намалуваат, како резултат на одложени инфрастуктурни проекти, пад на градежниот сектор и постојана несигурност.

ММФ го поздрави заживувањето на реформите по враќање на политичката стабилност, која резултираше со обновена доверба и економска активност.

Во насока на отворање на пристапните преговори со Европската унија, ММФ ја исткана важноста од исполнување на амбициозната структурна реформска агенда, за да се зголеми продуктивноста и да се забрза зголемувањето на платите, истовремено стабилизрајќи ја фискалната политика.

Фондот, исто така, повикува на зголемени напори за зајакнување на фискалниот менаџмент, како и да се зголеми фискалната транспарентност.

„Банкарскиот систем останува профитабилен, но, и натаму има ризици кои треба одблизу да се набљудуваат“, се нотира во извештајот

Во него, меѓудругото, се вели дека политиките на пазарот на трудот треба да продолжат да ги таргетираат младите и невработените на долг рок, но, со поголем акцент на обуките за работа.

Фондот ги нагласи и напорите за учеството на жените на пазарот на трудот.

„Ги повикуваме властите да ја одржат заложбата за имплементирање на клучните институционални реформи за зајакнување на владеењето, намалување на корупцијата, како и да се обезбеди владеење на правото“, се вели во извештајот, потенцирајќи дека ова ќе ја подобри инвестициската клима во државата, а ќе ги откочи и пристапните преговори за ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG