Мандатот на Кристалина Георгиева како управна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се соочува со клучен момент денес, кога Извршниот одбор на Фондот ќе се состане да одлучи дали таа треба да продолжи да ја води институцијата, по обвинувањата дека извршила притисок врз вработените да манипулираат со извештај за Кина кога била во Светска банка, објави „Њујорк тајмс“.
Оваа недела, Извршниот одбор со часови ја испрашувал Георгиева за нејзините постапки. Исто така, интервјуирал адвокати од Вилмер Хејл, фирмата што спровела внатрешна ревизија на Светската банка за околностите околу истражувањето.
Ревизијата минатиот месец заклучила дека Георгиева одиграла централна улога мешајќи се во извештајот, покренувајќи на тој начин прашања за нејзините проценка и способност да продолжи да го води ММФ.
Георгиева ги отфрли обвинувањата и силно се спротивставила на состанокот на Одборот во средата, објави „Њујорк тајмс“.
Facebook Forum