Линкови за пристапност

ММФ прогнозира намален глобален растеж


Забавената кинеска економија е главен фактор за глобалната слика

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2016-та, повикувајќи се на ризиците поради забавената кинеска економија.

Фондот, чие седиште е во Вашингтон, во вторникот објави дека смета оти светската економија ќе има пораст од 3,4 проценти во 2016-та и 3,6 проценти во 2017-та, две-десетини од еден процентен поен, што е од претходните проценки.

ММФ стои на својата прогноза дека кинеската економија ќе има пораст за 6,3% оваа година, а потоа ќе забави на 6% во 2017-ма, додека Пекинг се бори да излезе од економија базирана на инвестирање и извоз, и да се трансформира на економија која се води од побарувачката на потрошувачите.

Оваа промена ќе има влијание врз земјите богати со природни ресурси како Бразил, чија економија бележи пораст поради големата побарувачка за суровини од Кина.

Фондот предвидува дека американската економија ќе има пораст од 2,6 проценти и во 2016-та и 2017-та, 0,2 % помалку од прогнозата во октомври. Тоа се должи на силниот американски долар што предизвика намалување на секторот за производство.

XS
SM
MD
LG