Меѓународниот монетарен фонд им препорача на земјите да спроведат серија реформи, вклучувајќи и борба против корупцијата, со цел не само повисок економски раст, туку повеќе инклузивен раст за различни групи од населението.
Владите се повикуваат да се борат против инстанци во национални компании кои поткупуваат службеници во други земји, да бидат агресивни во напорите против перење пари и да ги редуцираат начините на кои индивидуалците или компаниите можат преку нетранспарентни методи да ги прикријат придобивките од корупцијата. Посебно се нагласува потребата од зголемување на транспарентноста во секторите од типот на нафта и рударство, во кои компаниите често оперираат во странство.
Во извештајот објавен денеска, ММФ ги наведува предизвиците со кои се соочуваат економиите почнувајќи од демографските промени, брзите промени во технологијата и зголемувањето на интеграцијата помеѓу економиите ширум светот.
Во извештајот се наведува дека многу земји со напредни економии или економии во развој се соочуваат со притисок врз здравствениот и пензискиот систем поради стареење на населението. Од друга страна во многу земји во развој треба да се работи на создавање работни места и надградба на инфраструктурата.
Борбата со корупцијата е една областите каде Меѓународниот монетарен фонд гледа потенцијал за меѓународна соработка која може да направи разлика, заедно со климатските промени и оданочувањето на мултинационалните компании.
Владите се повикуваат да се борат против инстанци во национални компании кои поткупуваат службеници во други земји, да бидат агресивни во напорите против перење пари и да ги редуцираат начините на кои индивидуалците или компаниите можат преку нетранспарентни методи да ги прикријат придобивките од корупцијата. Посебно се нагласува потребата од зголемување на транспарентноста во секторите од типот на нафта и рударство, во кои компаниите често оперираат во странство.
На локално ниво, ММФ предупредува на опасностите од корупцијата врз економијата. Меѓу нив се наведува дека на некои им се дозволува да избегнуваат плаќање даноци, додека други плаќаат повисоки суми, владите ги губат приходите кои им се потребни за изведување јавни проекти, со поткупување или непотизам се поткопува квалитетот на инфраструктурните проекти и се намалувадовербата на населението на начин кој може да води до социјална или политичка нестабилност.
„Коруптивните активности можат да водат до истекување на јавните пари. Владите ќе собираат помалку даночни приходи и ќе плаќаат премногу за производи, услуги или за инвестициски проекти. Но, цената на корупцијата е поголема од сумата на изгубените пари: нарушувањата во потрошувачките приоритети ја поткопуваат способноста на државата да промовира одржлив и инклузивен раст“.
Во извештајот се наведува дека помеѓу држави со слични нивоа на приходи, оние кои што преземаат мерки против корупцијата имаат раст на приходите. Така, најмалку корумпираните влади собираат четири проценти повеќе од нивниот бруто-домашен производ во вид на даноци.
Од ММФ посочуваат дека е потребна политичка волја за да се направат неопходните промени, вклучувајќи и развој на цврсти јавни институции и промовирање на отчетност.
Извештајот препорачува развивање на силни, професионални државни служби, при што владите треба да ја вреднуваат транспарентноста и да поканат независен, надворешен надзор над нивните операции. Истовремено треба да се фокусираат на области како што се инфраструктурата, природните ресурси и јавните набавки кои најчесто се вклучени во корупција.
Facebook Forum