Линкови за пристапност

По надминување на шокот, Северна Македонија мора да се врати на посветена фискална консолидација, предупреди ММФ


Владите на балканските држави треба да направат стратегии за намалување на економските и социјалните последици во наредните години, вели Меѓународниот монетарен фонд

Северна Македонија ќе се соочи со намалена домашна побарувачка, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), велејќи дека последиците од пандемијата ќе се почувствуваат во сите балкански држави.

ММФ ја нагласи финансиската помош, која минатиот месец, била одобрена за Северна Македонија, Албанија, Косово, Молдавија и Босна и Херцеговина.

„Финансиската помош обезбедува ресурси за владите да го зацврстат системот за здравствена заштита, и да им помогнат на бизнисите да се справат со оваа криза“, соопшти ММФ.

Организацијата нагласува дека се` уште не е јасно какви ќе бидат вкупните последици од пандемијата, потенцирајќи дека владите во регионот, исто така, зависат од надворешна помош, што станува потешко да се мобилизира.

„Оваа криза подразбира владите да направат стратегии за намалување на економските и социјалните последици, како и обновување на општествата. Централните банки во Северна Македонија, Албанија и Молдавија ги скратија каматните стапки за поддршка на економијата“, објаснува ММФ.

Според организацијата, кога ќе се надмине шокот во наредните години, државите со зголемен јавен долг на релативно виско ниво, како Албанија, Косово и Северна Македонија, ќе треба да се вратат на посветена фискална консолидација, со цел да се создаде простор за фискално маневрирање.

„ММФ е подготвен да им помогне на државите да се справат со предизвиците во блиска иднина, како и за натамошното заздравување“, најави Меѓународниот монетарен фонд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG