Според најавите за средбите од петок и сабота, ММФ кажа дека светската економија веројатно ќе порасне за 4,4 проценти годинава. Но институцијата исто така предупреди дека цените на нафтата кои рапидно се зголемуваат и инфлацијата во економиите во подем може да му наштети на развојот.
Како што глобалната економија се проби од неодамнешната криза, земјите во развој како Кина, Индија и Бразил се зацврстија, надминувајќи го бавниот развој на побогатите нации.
Но, експертите сега предупредуваат дека доколку растежот во нациите во подем е премногу брз, тоа може да креира економски проблеми.
Лидерите на Групата 20 водечки и богати економии се во Вашингтон за средбите. Тие се обидуваат да најдат начини за мониторење на економските услови за да се даде рано предупредување за проблемите кои се закануваат на глобалниот растеж. Тие се надеваат да научат и да применат лекции од економската криза, но се` уште се далеку од договор за тоа што да сторат.
Шефот на ММФ Доминик Штраус-Кан порано неделава предупреди дека економската криза не е завршена и дека официјалните лица не смеат да се опуштат.
Високите цени на храната се една од причините за натамошна загриженост. Официјални лица велат дека растечките рени на храната повеле уште 44 милиони луѓе во крајна сиромаштија последниве месеци. Прашања врзани за храната се тема на форум на ММФ и Светската банка во петок.