Линкови за пристапност

ММФ: Глобалната економија расте, но се соочува со ризици


ММФ: Глобалната економија расте, но се соочува со ризици
ММФ: Глобалната економија расте, но се соочува со ризици

Меѓународниот монетарен фонд вели дека глобалното економско опоравување зајакнува, но се соочува со нови закани од високите цени на нафтата, буџетски дефицити во развиениот свет и инфлација на пазарите во подем.

Во најновиот преглед на економската ситуација објавен во понеделник, глобалната агенција за давање заеми остана на својата прогноза за глобален растеж од 4,4 проценти во 2011 и 4,5 проценти следната година.

ММФ вели дека економиите во подем продолжуваат да го движат глобалното опоравување, со Кина на чело, каде најверојатно рекордно брзиот развој годинава ќе достигне 9,6 проценти, непроменето од претходната прогноза на ММФ од јануари. Растежот на индиската економија се прогнозира на 8,2 проценти, што е за 0,2 проценти помалку од претходната проекција.

ММФ вели дека, сепак, ризиците за глобалната економија пораснале. Меѓу нив се вклучува инфлаторскиот притисок во економиите во подем чии пазари на имот растат, како и влијанието на напливот на високи цени на нафтата заради востанијата на Блискиот исток.

ММФ предвидува напредните економии да пораснат 2,4 проценти годинава, помалку за 0,1 процент од претходната прогноза. Фондот на намали прогнозата за растеж на САД во 2011 на 2,8 проценти од претходно проектираните 3 проценти. Економиите на 17-те држави на евро-зоната се смета дека годинава ќе пораснат за 1,6 процент.

Извештајот вели дека најголема загриженост се владините буџетски дефицити во развиените економии, како САД и Европа.

XS
SM
MD
LG