Линкови за пристапност

Има индикации дека Русија може да се врати во договорот за жито, велат САД


На САД им беше кажано дека Русија е подготвена да се врати на разговорите за договорот што овозможи безбеден извоз на жито од Црното Море, но „сè уште не видовме никакви докази за тоа“, изјави амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

Русија се откажа од договорот на 17 јули.

Амбасадорката Линда Томас-Гринфилд, рече дека ако Русија сака да го донесе своето ѓубриво на глобалните пазари и да ги олесни трансакциите со земјоделството „ќе мора да се врати во овој договор“.

„Видовме индикации дека тие би можеле да бидат заинтересирани да се вратат на дискусиите. Затоа ќе почекаме да видиме дали тоа навистина ќе се случи“, рече таа, без да даде дополнителни детали.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG