Линкови за пристапност

Илон Маск се сретна со првиот дипломат на Кина, кој повика на „взаемно почитување“ во американско – кинеските односи


„Треба да го задржиме воланот во вистинската насока на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“, му рекол Чин Ганг на Маск, се вели во соопштението на Министерството.
„Треба да го задржиме воланот во вистинската насока на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“, му рекол Чин Ганг на Маск, се вели во соопштението на Министерството.

ПЕКИНГ – Кинескиот министер за надворешни работи денеска се сретна со директорот на Тесла, Илон Маск и рече дека затегнатите американско – кинески односи бараат „взаемно почитување“, и пренесе порака дека странските компании се добредојдени.

Американско-кинеските односи се тензични откако Вашингтон собори кинески балон за кој се верува дека собирал разузнавачки податоци и го предупреди Пекинг да не испорачува оружје на Русија во војна против Украина. „Wall Street Journal“ објави дека Кина го одбила барањето на САД за средба меѓу шефовите за одбрана на двете држави кога тие викендов ќе бидат во Сингапур.

„Треба да го задржиме воланот во вистинската насока на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“, му рекол Чин Ганг на Маск, се вели во соопштението на Министерството.

Двете страни треба да „избегнуваат ‘опасно возење’“, рече Чин. Тој не даде детали за чекорите за подобрување на односите.

Посетата на Маск доаѓа во време кога владејачката Комунистичка партија се обидува да го оживее интересот на инвеститорите за забавената кинеска економија. Странските компании се непријатни по рациите на консултантски фирми и со оглед на затегнатите кинески односи со Вашингтон.

Чин рече дека Кина „непоколебливо ќе промовира отворање на високо ниво“ и ќе создаде „пазарно ориентирана, законска и интернационализирана деловна средина“, се вели во соопштението. „Развојот на Кина е можност за светот“.

Кинескиот пазар на електрични возила „има широки перспективи за развој“, Министерството го цитираше Чин. Кина сочинува половина од глобалната продажба на електрични возила и таму е првата фабрика на Тесла надвор од САД.

Тесла во 2019 година ја отвори првата фабрика за автомобили во странска сопственост во Кина, откако Пекинг ги олесни ограничувањата за сопственост за за да ја зголеми конкуренцијата и да го забрза развојот на индустријата.

The Chinese statement cited Musk as saying Tesla was willing to expand its business in China and "opposes decoupling," a reference to fears the world may split into multiple markets with incompatible products.

Кина во соопштението го цитира Маск дека Тесла е подготвена да го прошири својот бизнис во државата и „се противи на раздвојување“, што се однесува на стравувањата дека светот може да се подели на повеќе пазари со некомпатибилни производи.

Тесла не одговори на електронската пошта во врска со посетата на Маск на Кина.

XS
SM
MD
LG