Линкови за пристапност

Светската стапка на невработеност падна на најниско ниво од 2008-та година


Повеќе од 3.3 милијарди луѓе се вработени во светот, но, работат во лоши услови кои не гарантираат пристоен живот, забележува Меѓународната организација на трудот

Светската стапка на невработеност паднла за пет проценти, што претставува најниско ниво од глобалната економска криза во 2008-та година, соопшти Меѓународната организација на трудот.

Според извештајот, биле отворени нови работни места, но, се работи за недоволно платени позиции, што ги прави повеќето работници сиромашни.

Малку повеќе од 172 милиони луѓе во светот биле невработени во 2018-та година, што е за околу два милиона помалку од претходната година.

Меѓународната организација на трудот очекува глобалната невработеност од пет проценти да остане генерално непроменета во наредните пет години.

Извештајот нотира дека повеќе од 3.3 милијарди луѓе се вработени во светот, но, оти работат во лоши услови кои не гарантираат пристоен живот.

Во него се нагласува и дека многу луѓе имаат рабтни места што не им нудат економска стабилност, материјална сигурност и работни можности.

Меѓудругото се вели дека околу 4.5 проценти од работоспособните граѓани во Супсахарска Африка се невработени, додека 60 проценти се водат вработени.

Организацијата потенцира дека околу 48 проценти од жените работат, споредбено со 75 проценти мажи.

Загрижувачко откритие, се наведува во извештајот, е тоа што еден во пет млади луѓе на возраст под 25 години нема работа и вештини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG